Свет 16. ноември 2020. / 23:12

Бајден ги предупреди Американците за „мрачна зима“

Бајден ги предупреди Американците за „мрачна зима“

Кандидатот за претседател Џо Бајден ги предупреди Американците дека ќе се соочат со „мрачна зима“ поради новите случаи на коронавирус кои секојдневно уриваат рекорди во многу сојузни држави. Затоа, тој повика на пакет на економско олеснување сличен на оној кој веќе се усвои во Претставничкиот дом.

 – Јас знам, ние можеме да го направиме ова, рече Бајден за време на економскиот брифинг, и покрај големиот број нови случаи кои упатуваат на заклучокот дека државата не може без вакцина.

Нѐ чека многу мрачна зима. Работите ќе станат многу потешки пред да станат полесни. За тоа е потребно да не се штеди на борба против Ковид-19, кажа Бајден за Индепендент.

Претстојниот претседател остро ја критикуваше администрацијата на Трамп и Републиканската партија поради одбегнувањето да носат маски со што би се спречил третиот скок во случаите на Ковид-19.

Дали некој разбира зошто гувернер ќе го претвори ова во политичка изјава?, потенцираше тој, држејќи маска. Се работи за тоа да се биде патриотски.

Џо Бајден, повикувајќи се на неименувани експерти, тврди дека ако сите Американци го покриваат лицето кога се јавност, до 21 јануари ќе се спасат 100.000 животи.

Нема ништо мажествено во тоа да не носиш маска, истакна тој.

Тој исто така тврди дека одбивањето на Доналд Трамп да ги признае изборите и да даде зелено светло за вообичаениот процес на транзиција ги влошува пандемијата и ја прави уште полоша.

– Повеќе луѓе ќе умрат ако не се координираме. Важно е сега да има координација, за администрацијата во заминување и за администратицијата која доаѓа, рече Џо Бајден.