Свет 06. јануари 2021. / 19:08

Бајден е убеден дека демократите ќе победат во Сенатот

Бајден е убеден дека демократите ќе победат во Сенатот

Додека новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден изрази уверување дека демократите ќе доминираат во Сенатот, актуелниот претседател Доналд Трамп уште еднаш ги обвини своите противници за фалсификување.

Бајден денеска нагласи дека се надева на победа на демократот Џон Ософ откако друг демократ, Рафаел Варнок, освои едно од двете места во американскиот Сенат во Џорџија.

Во изјавата, Бајден вети дека ќе работи со двете страни за справување со пандемијата Ковид-19 и ќе продолжи со номинациите за неговиот кабинет.

На Твитер, Трамп наведе дека „овие никаквеци не успеаја со сенаторот Дејвид Пердју.

-Лажни избори!, заклучи претседателот, а социјалната мрежа ја обележа и неговата изјава како сомнителна.

Варнок е првиот афроамериканец од Џорџија кој освои место во американскиот Сенат. Пасторот од Баптистичката црква во Атланта е и првиот демократ по 20 години што ќе ја претставува Џорџија во Сенатот.