Свет 03. април 2020. / 09:55

Бајден бара од Трамп да ги ублажи санкциите кон Иран за време на пандемијата

Бајден бара од Трамп да ги ублажи санкциите кон Иран за време на пандемијата

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден ја повика администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп да ги ублажи санкциите против Иран во екот на пандемијата на Ковид-19.

Бајден порача дека е потребно да му се помогне на Иран и другите земји кои се најтешко погодени од корона вирусот.

– Во период на глобални кризи, САД треба да им помогнат на оние кои се во опасност и им е потребна помош. Наспроти оваа смртоносна пандемија, која не познава граници, САД треба да им помогнат на најтешко погодените земји, вклучувајќи го и Иран – истакна Бајден во соопштение.

Тој побара од администрацијата на Трамп да им дозволи на фирмите да извезуваат лекови и медицинска опрема во Иран и на Техеран да му се овозможи пристап до меѓународните банки и транспортни компании.

Можеме со иранските власти да имаме многу несогласувања, но хумано и правилно е да се постапи така. Иран во знак на добра волја би можел да ги ослободи притворените американски државјани – порача Бајден.