Азилант од Авганистан со нож повредил четири луѓе во Франција минатата ноќ.
За него се смета дека има психички проблеми.
19 годишникот прво почнал да удира автомобили кои поминувале покрај неговата куќа во градот Перигоу на југот од Франција.
Луѓе од брзата помош кои биле во близина сакале да го смират, но тој се вратил со нож.
Прво ги нападнал медицинските лица кои добиле повреди на главата и вратот, а потоа нападнал стари луѓе во соседството при што едниот го пробол во белите дробови, а другиот во грбот.
Но, на крај го совладале. Полицијата ова не го смета за тероризам.