Свет 26. јули 2020. / 11:52

Автомобил влета во група луѓе на плоштад во Берлин: Осум луѓе се повредени

Автомобил влета во група луѓе на плоштад во Берлин: Осум луѓе се повредени

Автомобил без да закочи влетал во група луѓе на градски плоштад во Берлин, Харденбергплац.

Како што објавија германските медиуми, во инцидентот се повредени осум луѓе.

Едно од прегазените лица се нашло под автомобилот, кога тој запрел, поради што морало да биде реанимирано.

Седум други лица се здобиле со полесни и делумно посериозни повреди.

Возачот на автомобилот е уапсен, а заднината на случајот засега  е непозната.