Свет 05. септември 2018. / 16:25

Автомобил удри во зградата на ТВ „Фокс Њуз“ во Далас, возачот е уапсен

Автомобил удри во зградата на ТВ „Фокс Њуз“ во Далас, возачот е уапсен

Возач на автомобил намерно удри со своето возило во зграда на телевизијата „Фокс Њуз“ во Далас, објави телевизијата „Фокс Њуз“.

Полицијата веднаш по несреќата, го уапсила возачот, а единицата за експлозии веднаш пристигнале на местото на настанот, бидејќи откако возачот излегол од автомобилот оставил сомнителна торба.

Од зградата на телевизијата голем дел од луѓето се евакуирани. Дел од вработението пак останале во зградата на место кое го нарекуваат „безбедно место“ со цел да можат да продолжат со својата работа и да се емитуваат вестите.