Свет 24. декември 2018. / 12:08

Автомобил се забил во црква и го уништил витражот – има повредени

Автомобил се забил во црква и го уништил витражот – има повредени

Еден автомобил влетал низ ѕидот на црква во Охајо за време на утринската служба во неделата, повредувајќи шест лица и уништувајќи го витражот.

Пожарникарите велат дека шестмината повредени во методистичката црква во Колумбус се третирани за исекотини и други повреди.

Свештеникот Џеј Андерсон изјави дека верниците пееле кога автомобилот се пробил низ ѕидот. Тој вели дека ѕидот „експлодирал“ и парчиња стакло летале насекаде, пренесе АП.

Тој вели дека црквата била невообичаено полна, бидејќи имало посебна Божиќна изведба.

Околу 100 верници биле присутни.

Од ударот на автомобилот на ѕидот на црквата останала широка дупка.