Свет 21. јануари 2019. / 17:18

Автобус со аргентински фудбалери падна во провалија – има мртви

Автобус со аргентински фудбалери падна во провалија – има мртви

Страшна несреќа се случила во Јужна Америка, кога аматерскиот аргентински фудбалски клуб Саклес Клуб Лавал, доживеа несреќа патувајќи во Боливија на пријателски меч.

Несреќата однесе четири животи, соопштуваат аргентинските медиуми, а 20 лица се во болница, од кои шест играчи се тешко повредени.

До несреќата дошло кога автобусот изгубил контрола и паднал во провалија длабока 130 метри.

Сеуште не е позната причината зошто возачот изгубил контрола, а тамошната полиција работи на расветлување на несреќата.