Свет 10. јануари 2021. / 16:24

Австриската министерка за труд поднесе оставка – една петтина од докторската и била плагијат

Австриската министерка за труд поднесе оставка – една петтина од докторската и била плагијат

Австриската министерка за труд, Кристин Ашбахер поднесе оставка по обвинувањата дека некои нејзини универзитетски трудови ѝ се плагијат.

На Ашбахер наводно плагијат ѝ е најмалку петтина од докторската дисертација од други извори, како и делови од нејзината дисертација, тврди експертот за плагијаторство Стефан Вебер, пишува Ројтерс.

Политичарката рече дека ги напишала своите дисертации и тези „од најдобро знаење и убедувања“, пренесува австриската новинска агенција АПА.

– За жал, непријателството, политичките немири и навредите се манифестираат не само врз мене, туку и врз моите деца, и со неподнослив интензитет, истакна таа, додавајќи дека не може да дозволи ова да продолжи.

Канцеларот Себастијан Курц ѝ се заблагодари на Ашбахер за нејзината работа и рече дека нејзиниот наследник ќе биде назначен во понеделник.