Свет 21. јануари 2020. / 14:28

Австрија ја одби германската армија да вежба бомбардирање на австриска територија

Австрија ја одби германската армија да вежба бомбардирање на австриска територија

Министерството за одбрана на Австрија не го прифати барањето на германската армија, од каде имаа планови да вежбаат бомбардирање над австриската покраина Тирол.

Блогерот Маркус Вилхелм објави дека германскиот Бундесвер предложил торнадо бомбардери да фрлаат бомби за вежба на полигонот Ватенер Лицум. Сепак, австриското Министерство за одбрана го одбило таквото барање.

Австрија е земја која се обврза на трајна воена неутралност, но е дел од програмата на НАТО – Партнерство за мир, преку која учествува во воените вежби со своите партнери.