Австралиски војници истакнале нацистичко знаме за време на една од операциите во Авганистан, што војската тогаш го оценила како „лоша шега“, а премиерот Малком Турнбул како потег кој е „целосно неприфатлив“.
Австралиската телевизија Еј-би-си објави фотографија од инцидентот кој се случил уште во 2007, пренесувајќи ги тврдењата на воен извор кој кажал дека станувало збор за „лоша шега“ а не за неонацистички чин.
Nazi swastika flag flown on Australian Defence vehicle in Afghanistan https://t.co/SjSwk9LViQ pic.twitter.com/BMr8TVXsdi
— ABC News (@abcnews) June 13, 2018
„Знамето кратко се веело на едно возило на австралиската војска во 2007. Командантот веднаш ја отстранил“, објасни австралиското министерство за одбрана.
„Знамето беше отстрането, а одговорните казнети“, кажа премиерот.
Австралиската војска е присутна во Авганистан од 2001. Во 2007, кога се случил инцидентот, биле распоредени околу 900 австралиски војници.