Девет лица се повредени во авионска несреќа во Хондурас.

Приватен авион кој сообраќал од САД се урнал на крајот од пистата на меѓународниот аеродром во главниот град на Хондурас – Тегусигалпа.

Авионот полетал од Остин во Тексас. Според локалните медиуми, авионот бил преполовен на средината на трупот. Противпожарните тимови интервенирале пред да избие пожар.