Свет 11. јули 2018. / 21:40

Авион падна на Алјаска (ФОТО)

Авион падна на Алјаска (ФОТО)

Авионот падна на Алјаска и за среќа сите 11 патници ја преживеја несреќата.

Крајбрежната стража ги спасила сите патници и пилотот на чартер летот кој паднал на планината Џамбо.

Тие биле спасени со два хеликоптери, кои се пробиле до планината во услови на слаба видливост.

Пилотите на хеликоптерите биле посебно пофалени, поради тоа што во исклучително тешки услови успеале да се пробијат на местото на несреќата со видливост од десетина метри.

Сите патници се добри, а неколку лица поминаа со лесни повреди и биле однесени во блиската болница.