Авионот Ербас А320 на „Бритиш ервејс“, кој патувал од италијанскиот град Бари кон Лондон, во раните попладневни часови направил итно слетување на аеродромот Базел-Мулхаус, поради чад внатре, објави Франс прес.
Причината за чадот засега е непозната. Во авионот имало 165 патници и сите биле неповредени, но четворица од екипажот се повредени од чадот и пружале лекарска помош, изјави за АФП шефот на аеродромот АФП, Вивиен Гаскел.
Сообраќајот на аеродромите беше во прекин 20 минути. Три авиони беа пренасочени – два за Цирих и еден за Штутгарт, а пет заминаа со задоцнување од околу 25 минути, додаде таа.
Гаскел рече дека откако бил откриен чад во авионот, пилотот ја алармирал најблиската контролна кула – онаа во Базел-Мулхаус – а малку подоцна авионот слетал.
Противпожарната служба на аеродромот, заедно со швајцарската служба за брза помош и пожарникарите од блискиот град Сен Луис, одговориле веднаш, изјави шефот на прес-службата.
Патниците се очекува подоцна да бидат пренесени со друг авион до лондонскиот аеродром Хитроу.