Свет 09. февруари 2020. / 12:31

Авганистански војник убил двајца и ранил шестмина американски војници во инсајдерски напад

Авганистански војник убил двајца и ранил шестмина американски војници во инсајдерски напад

Двајца американски војници се убиени, а уште шестмина други се повредени во вооружен напад во авганистанската источна провинција Нангахар.

Полковникот Сони Леџет, кој е портпарол на американските сили во Авганистан, преку соопштение информира дека човек во авганистанска униформа отворил оган од автоматска пушка врз комбинираните американско-авганистански воени сили.

Повредените војници биле медицински згрижени во американската болница.

Во  други извештај, сепак, се укажува на престрелка меѓу авганистанските и американските сили за време на заедничка операција, што предизвикала жртви на двете страни.

Сè уште собираме информации и причината или мотивот за нападот засега е непозната. Инцидентот се истражува – додаде Леџет.

Нангархар е меѓу најнемирните провинции во Авганистан, каде што своите бази имаат и талибанците и милитантите на Исламска држава.

Од почетокот на 2020 година во Авганистан загинаа четворица американски војници, додека лани загинале 20.

Во моментов во Авганистан има околу 12.000 американски војници.