Свет 12. ноември 2019. / 10:50

Авганистан ослободува тројца талибанци во замена за двајца странски професори

Авганистан ослободува тројца талибанци во замена за двајца странски професори

Авганистан ќе ослободи тројца талибански команданти, вклучувајќи го и лидерот на групата Хакани, во замена за еден австралиски и американски професор, кои беа грабнати пред три години, изјави авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

– За да се отвори пат за директни преговори со талибанците, владата одлучи да ги ослободи талибанските затвореници во замена за двајца универзитетски професора – изјави Гани на телевизијата.

Талибанската мрежа Хакани во изминатите години  изведуваше големи воени напади врз цивили, а се верува дека е лоцирана во Пакистан и е дел од талибанците во Авганистан, пренесуваат британските медиуми.

Талибанците во 2016 година ги грабнаа двајцата професори од Американскиот универзитет во Кабул.