Претседателот на Владата на Украина, Oлексиј Хончарук два дена откако на Ју-тјуб се појавија аудио снимки на кои се слуша неговиот глас за време на состаноци со неколку министри, во кои тој ги насочува како да зборуваат за економијата со претседателот кој, како што вели „не ги разбира економските работи“.
Оставката Хончарук ја објави на Фејсбук со објаснување дека се работи за монтирани снимки од неколку владини состаноци, а се со цел да создадат впечаток дека неговиот тим не го почитува претседателот Зеленски.
35-годишниот Хончарук беше на чело на украинската влада од август 2019-та, која беше избрана по парламентарните зибори во јули 2019-та. Тој беше најмладиот премиер на Украина во историјата.