Свет 03. мај 2018. / 20:32

Астронаут на НАСА откри како изгледа да одите по вселената (ВИДЕО)

Астронаут на НАСА откри како изгледа да одите по вселената (ВИДЕО)

Додека астронаутот на НАСА, Џозеф Акаба, одел по вселената за време на неодамнешното патување до меѓународната вселенска станица, не му било сеедно, со оглед на тоа дека има фобии од висина.

-Ако ги погледнете фотографиите, ќе видите дека се држам за решетка. Потребно е да направите извесен напор додека одите во вселената, за да сфатите, дека сепак, се е во ред, нема да паднете, рекол Акаба во Космичкиот центар Стенис во Мисисипи.

Акаба прв пат се појавил во јавноста откако на 28. февруари се вратил од космичката станица. Овој астронаут, кој во вселената минал повеќе од 300 дена во текот на три одвоени летови, вели дека патувањата на граѓаните во вселената сега е многу поблиску од тоа што сите.


-Следната година или во наредните години ќе имаме комерцијални летови со астронаути на НАСА и тоа е прв голем чекор, рекол Акаба, нагласувајќи дека патувањето во космосот е тешко, но дека се надева на поголем број можности за летови за граѓаните во космосот во блиска иднина. Крајната цел, според неговите зборови, е луѓето да дојдат на Марс, но на патот кон Марс станица ќе биде – Месечината.

-Логичен, прв чекор ќе биде да се отиде на Месечината. Иако таму веќе сме биле, тоа би било временски многу ограничено патување, а сега имаме нови технологии кои сакаме да ги тестираме, не само на површината на Месечината, туку и во нејзината орбита, за да направиме некој вид на капија од каде би патувале на Марс, објаснил астронаутот.

Целта е, заклучил тој, на Марс да се оди до 2030. година, а пред тоа на Месечината.