Претседателот на Сирија, Башар ал-Асад, во интервју за телевизијата „Раша Тудеј“ (РТ) изјави дека негова средба со турскиот претсесдател Реџеп Таип Ердоган би била невкусна се додека турската армија се наоѓа на сириска територија.
– Не мислам дека оној кој ја окупира вашата земја ќе биде меѓу вашите приоритети за средба – изјави сирискиот лидер во одговор на прашање дали има шанса за средба меѓу него и неговиот турски колега.
Асад, сепак, забележа дека не е против преговори со Анкара.
– Ние не ја гледаме Турција како непријател. Турскиот народ е наш сосед. Имаме заедничка историја. Непријателот е Ердоган и неговата политика – подвлече шефот на сириската држава.