Претседателот на Сирија, Башар ал-Асад денеска го нарече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „крадец“.
Асад го изјави ова при првата посетата на делови на провинцијата Идлиб која сириската војска ги поврати од бунтовниците кои ја имаат поддршката од Турција. Државните медиуми прикажаа фотографии од Асад меѓу сириски војници, како што е наведено, во стратешки важната територија на југот на Идлиб.
Сирискиот претседател во таа прилика Ердоган го нарече „крадец кој јрадел фабрики, пченица и гориво, а денеска краде територија, мислејќи на неодамнешната инвазија на североистокот од Сирија со цел протерување на курдските борци.