Аргентинците маршираа низ Буенос Аирес протестирајќи против новиот договор на земјата со Меѓународниот монетарен фонд за да добијат 42 милијарди евра.
Земјата чиј претседател е Маурисио Макри стигна до безбедносната мрежа на ММФ минатиот месец кога нејзината валута пезос беше на најниското можно ниво.
За возврат Аргентина се согласи да се справи со двоцифрената инфлација и јавната потрошувачка.
Економијата на земјата западна во тешки моменти уште од катастрофалната економска криза во 2001/2002, а Аргентинците за ова ги обвинуваат ММФ и мерките за штедење што беа воведени.
Како дел од договорот Аргентина ќе го намали својот фискален дефицит на 1,3 отсто од домашниот бруто-производ во 2019 година, а кој претходно изнесуваше 2,2 отсто, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот. Владата исто така ќе испрати предлог до Конгресот за реформа на повелбата на централната банка и зајакнување на нејзината автономија.
Одборот на доверители на ММФ се очекува да гласа за тригодишниот договор во текот на следните денови во Вашингтон.