Корона вирусот ја зема првата жртва во Аргентина и воопшто во Латинска Америка. Станува збор за 64-годишен маж кој бил во Франција и страдал од други болести што ја комплицирале неговата состојба.
Според официјалните извори заразениот бил во Париз и се вратил во Аргентина на 25 февруари, иако во тоа време немал никакви симптоми поврзани со Ковид-19.
– Сепак, на 28 февруари тој почнал да чувствува поспаност и недостаток на апетит, имаше „треска помеѓу 39 и 40 степени, кашлица и болки во грлото, соопштија на аргентинската националната телевизија.
Лицето на 5 март само се пријавило во болницата со клиничка слика на респираторна слабост за која итно било потребно хоспитализирање. Пациентот поминал пет дена во болница, во сериозна состојба, сè додека не починал.
По неговата смрт, здравствените власти решиле преку брис да утврдат дали има корона вирус по што резултатите биле позитивни.