Арапите кои живеат и работат во Берлин наскоро ќе имаат радиостаница на својот јазик.
Поголем дел од програмата на „Радио Арабика“ ќе биде на арапски јазик, а ќе биде насочена кон случувања од културата, вести, забава, спорт и секојдневниот живот во германската метропола, објави Медиумскиот совет за берлинскиот и бранденбуршкиот регион (МАББ).
Станицата ќе емитува и арапска народна и модерна поп музика.
Покрај француската, руската, турската, британската и американската станица, сега ќе има и арапска“, соопшти директорот на МАББ, Хансјуерген Розенбауер, а пренесе „Индекс.хр“.
Сè уште не е познато кога точно новата станица ќе започне со емитување на програма.