68-годишната Ненси Кремптон Брофи е уапсена минатата недала поради убиство на сопругот, само неколку години откако го објавила есејот наречен “Како да го убиете својот сопруг”.
Писателката од Орегон минатата недела била обвинета за убиството на Даниел Брофи, со кој била во брак 27 години.
Нејзиниот сопруг, инаку готвач, бил пронајден мртов со прострелна рана на 2. јуни во кујната на Кулинарскиот институт во кој работел како предавач.
Ненси Кремптон Брофи пишувала романи на чии корици често имало мажи со голи тела. Во “Погрешен полицаец” пишувала за жена која секој ден од својот брак минувала мечтаејќи за убиството на својот сопруг. Во друга книга, која се нарекува “Погрешен маж”, жената се обидела да се ослободи од сопругот кој е насилен, лажирајќи ја својата смрт, а во приказната “Како да го убиеш својот сопруг” Ненси пишувала како да го убиеш сопругот и да се извлечеш.
Таа најпрво во есејот објаснува бројни причини поради кои некој би посакал да го убие сопругот. Меѓу нив се злоставување, алчност и неверство.
“Разводот е скап, дали навистина сакате да делите се што поседувате? Или ако сте се омажиле за пари, дали треба да добиете се? Полицијата не е шега. Гледа директно во вас”, пишува меѓу другото. “Мора да бидете организирани, бесчувствителни и многу итри. Мажите веќе исчезнувале на крстарења. Зошто не и вашиот?”.
Совет број еден е да не се ангажира платен убиец, бидејќи тој во голем број на случаи и открива на полицијата што се случило, но во предвид не доаѓа ни љубовник.
“Тоа никогаш не е добра идеја”, пишува таа. Но и отров не е добра идеја “бидејќи кој сака да седи покрај болен маж?”.
Во реалниот живот Ненси следела некои од своите совети, барем судејќи по извештајот од полицијата. Не изнајмила платен убиец, туку чкрапалото го повлекла сама.
Засега не е познат мотивот за убиството.