Речиси половина од Британците очекуваат кризата со корона вирусот да трае најмалку шест месеци, а околу 73 отсто ја обвинуваат Кина за глобалната пандемија, покажува истражување спроведено на островот, пишува Дејли Меил.
Истражувњето вели дека јавноста е подготвена за долга борба против корона вирусот, кој досега однесе стотици животи и предизвика застој во Велика Британија.
Наодите од истражувањето се во спротивност со тврдењето на премиерот Борис Џонсон, кој изјави дека земјата може да ја сузбие пандемијата во рок од 12 недели.
И покрај зголемените стравови од силниот удар врз економијата и најавите за штедење, приоритетите на жителите се чини дека е јавното здравство. Околу 73 отсто велат дека тоа е она што ги загрижува повеќе отколку економијата.
Исто така, постои реакција против Кина, каде за прв пат се појави вирусот. Речиси три четвртини од испитаниците рекле дека Пекинг е „значително“ или „на некој начин“ виновен за вирозната состојба.
Истражувањето е дел од анкета спроведена од „Редфилд“ и „Вилтон стратеџи“ како дел од истражувањето за глобалното здравство.