Свет 01. септември 2018. / 22:42

Анкара: Уапсени се три лица кои пукале кон американската амбасада

Анкара: Уапсени се три лица кои пукале кон американската амбасада

Поради неодамнешното пукање врз американската амбасада во Анкара, турската полиција уапси три лица, од кои двајца се изјасниле за виновни.

Турската агенција „Анадолија“ објави дека судот наредил притвор за осомничените до почетокот на судењето. Уште три лица, кои претходно беа уапсени во врска со случајот, денеска се ослободени, но им било наредено редовно да контактираат со властите.

Кон американската амбасада во Анкара на 20. август беше пукано од возило во движење. Три од вкупно шест куршуми ја погодиле портата на амбасадата и еден прозорец. Во нападот никој не беше повреден, потсетува „Ројтерс“.

Канцеларијата на регионалниот гувернер соопшти дека двајца осомничени биле притворени на денот на пукањето и дека признале учество во нападот.

Тие се идентификувани како Ахмет Челиктан и Осман Гундаш и се заедно со третиот осомничен, Ерсин Бајрам, се наоѓаат во затвор, под строги безбедносни мерки.