Свет 10. мај 2020. / 20:45

Англија ќе се бори со Ковид-19 како со тероризам: Воведува апликација за предупредување на граѓаните

Англија ќе се бори со Ковид-19 како со тероризам: Воведува апликација за предупредување на граѓаните

Британскиот премиер Борис Џонсон го презентира специјалниот систем за предупредување за корона вирусот во Англија.

Системот ќе ја рангира заканата од корона вирус од 1 до 5, а рангирањето ќе се менува во зависност од податоците. Засега системот ќе се применува само во Англија.

Системот ќе варира од зелено ниво (1) до црвено (5) и ќе работи слично на апликација која ги предупредува граѓаните за опасност од терористи.

Се очекува дека нивото на закана од корона вирус нема да биде исто во секој дел од земјата, така што нивото на опасност ќе варира од град до град.

Тоа може да придонесе за олабавување или заострување на ограничувањата на локално ниво и тоа секако ќе зависи од бројот на заразени, мртви и оздравени од коронавирус во областа.

Велика Британија има повеќе од 215.000 случаи и повеќе од 30 000 смртни случаи од последиците на Ковид-19.