Свет 01. октомври 2018. / 12:03

Ангела Меркел: Треба да се создаде Совет за Безбедност на ЕУ

Ангела Меркел: Треба да се создаде Совет за Безбедност на ЕУ

Ангела Меркел се заложи за формирање Совет на безбедонст на ЕУ за да се зголеми способноста и формирањето нов начин на водење надворешна политика.

Германската канцеларка во својот говор во баварски Отобојрен соопшти дека надворешната политика која се заснова на коснензус не може да биде разумно решение во идина. Нејзината идеја е Советот за безбедност на ЕУ да биде ротационен.

Меѓу другото, таа укажа на потешкотиите при донесувањето одлуки за воведување санкции кон Русија.

Пред тоа за напуштање на принципот на единствена позиција при донесувањето на одлуки соопшти и шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

Идејата за формирање Совет на безбедност на ЕУ прв пат е спомната во рамки на германско-француските меѓувладини консултации во јуни 2018 година.

Како што се наведува, во овој орган не може да бидат претставени сите 27 држави – членки на ЕУ истовремено. Ротационата основа значи или постојано присуство во органите на главните држави на ЕУ (на пример Германија или Франција, додека другите ќе треба да го почекаат својот ред) или ограничување во одредувањето на надворешната политика на ЕУ за нејзините главни членки.