Свет 28. март 2020. / 12:27

Ангела Меркел од карантин им се заблагодари на граѓаните за доследното почитување на мерките

Ангела Меркел од карантин им се заблагодари на граѓаните за доследното почитување на мерките

Германската канцеларска Ангела Меркел им се заблагодари на граѓаните за доследното почитување на новите  правила воведени поради пандемијата.

Таа нагласи дека забавувањето на ширењето на Ковид-19 одлучува дали и во наредните недели секој тешко заболен ќе добие најдобра можна медицинска помош.

„Новите правила значително го намалија социјалниор живот во последниве денови. Целта е да се спречат контактите за да спречи ширење на зараза. Речиси секој видно го смени своето однесување и затоа сакам да кажам„ благодарам-благодарам “, рече Меркел во аудио порака до граѓаните.