Свет 11. јули 2018. / 14:07

Ангела Меркел: Германија самата одлучува, и каде ќе членува, и колку ќе троши

Ангела Меркел: Германија самата одлучува, и каде ќе членува, и колку ќе троши

Германија може да донесе „независни одлуки”, истакна германската канцеларка Ангела Меркел, отфрлајќи ја критиката на американскиот претседател Доналд Трамп за проектот за гасоводот со Русија.

– Јас лично, доживеав, тој дел од Германија да биде контролиран од Советскиот Сојуз. Многу сум среќна што денес сме слободно обединети … и затоа можеме да речеме дека спроведуваме независни политики и може да донесеме самостојни одлуки, изјави Меркел.

Реакцијата на Меркел следуваше по изјавата на Трамп за време на појадокот дека Германија е зависна од Русија поради гасот.