Свет 09. ноември 2018. / 14:33

Анестезиолог во Германија инфицирал 1.300 пациенти со хепатит Ц

Анестезиолог во Германија инфицирал 1.300 пациенти со хепатит Ц

Против анестезиологот во болницата во Донауверт (германската покраина Баварија) почна истрага под сомнение дека во операционата сала заразил 1.300 пациенти со хепатит Ц. Болницата ги повикала пациентите на кои тој им дал анестезија да се тестираат, и од 752 пациенти, кои досега го направиле тестот, 45 се позитивни.

Неговите адвокати велат дека тој не знаел дека бил заразен и дека бил подложен на рутинска проверка пред две години, кога бил негативен. Инфекцијата со хепатит Ц му беше откриена годинава.

Обвинителството во Аугсбург почна истрага против него за нанесување телесна повреда и, според „Билд”, сè уште не е утврдено дали тој дејствувал со предумисла.