Амстердам размислува да воведе забрана за продажба на марихуана на туристи во кафулиња, додека истражува нови начини за балансирање на квалитетот на животот на локалното население со потребите на туристите.
Овој чекор следи по спроведеното истражување, кое го нарача граоначалничката Фемке Халсема, во кое повеќе од половина од млаите турсити се изјасниле дека одлучиле да го посетат главниот град бидејќи сакале да го доживеат искуството во кафулињата кои продаваат канабис.
Целта на истражувањето беше да се откријат најпопуларните причини за туристичките посети и „дали туристите би го посетувале Амстердам ако достапноста на еден или повеќе фактори се намали или ако се отстрани“.
Во последните години Амстердам се обидува да го реши проблемот со прекумерниот туризам. Околу 57 % од посетителите рекле дека кафулињата со канабис се важна причина за нивната посета на Амстердам, повеќе од 30% од испитаниците поретко би оделе во Амстердам, а 11% воопшто не би оделе во Амстердам доколку се воведе забраната.