Компанијата прецизира дека испораките на европските авиони ќе започне во 2024 година. Во моментов „Јунајтед“ употребува 74 авиони Боинг 747.
Медиумите во САД оценуват дека најавената крупна испорака на европски патнички авиони од американскиот авиопревозник е уште еден удар за производителот на авиони „Боинг“, кој се уште е во криза после скандалот со приземјувањето на авионите 737 Макс откако се случија две катастрофи, лани во октомври и во март годинава, со пад на овие авиони при што вкупна загинаа 346 луѓе.
Дека купува 50 нови европски авиони Ербас 321 летово објави и „Американ ерлајнс“, уште една голема американска авиокимпанија.