Свет 06. јули 2018. / 15:37

Американскиот државен секретар ги почна разговорите во Пјонгјанг

Американскиот државен секретар ги почна разговорите во Пјонгјанг

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Пјонгјанг се сретна со севернокорејскиот функционер Ким Јонг-чол, со кого разговараше за начините за ликвидирање на нуклеарната програма на Северна Кореја.

На средбата Помпео-Ким, која траеше час и половина, станало збор и за враќање на посмртните останки на американските војници кои загинале за време на Корејската војна во 50-те години на минатиот век.

Ким Јонг-чол, кој е поранешен началник на севернокорејското разузнавање, имаше клучна улога во организирањето на средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Сингапур минатиот месец.

Помпео по средбата изјави дека „сака да пополни некои празнини“ во врска со обврските на Северна Кореја за денуклеаризацијата, како и да го задржи импулсот за спроведување на договорот од Самитот во Сингапур.

Помпео во Северна Кореја ќе остане ден и половина и првпат ќе преспие во земјата.

Засега е неизвесно дали Помпео ќе има средба и со севренокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Од Севеена Кореја, Помпео утре ќе отпатува за Јапонија, каде ќе ги информира јапонските и јужнокорејските власти за текот на разговорите во Пјонгјанг.