Американскиот амбасадор во Москва Џон Саливан му се заблагодарил на руското Министерство за надворешни работи на препораката да се вакцинира со вакцината „Спутник V“,но рекол дека тоа нема да го направи, напиша на Твитер аташето за медиуми на американската амбасада во Русија Ребека Рос.
„Амбасадорот Саливан му се заблагодарува на Министерството за надворешни работи на Русија на предлогот да се вакцинира, но не би сакал да земе доза од „Спутник V“ намената за државјаните на Русија, напиша Рос.
Претходно на Фејсбук станата на американската дипломатска мисија е објавена фотографија од писмото на Саливан во кое дипломатот признава дека во изминатата година се „однесувал многу добро, носел маска, држел растојание“ и дека бара од Дедо Мраз вакцина против вирусот корона, нова хокејарска палка и патики за трчање.
Министерството за надворешни работи на Русија на својот Твитер налог одговори на писмото на Саливан наведувајќи дека Дедо Мраз има поклон за него.
Од Министерството потсетиле дека руската вакцина „Спутник V“ добила одобрување за користење кај лица постари од 60 години, а исто така му препорачале да обрне внимание на палките од компанијата „Зарјад“ кои, како што е познато, ги користи претседателот на Русија Владимир Путин кога игра хокеј.