Претставници на делегацијата на американскиот претседател Доналд Трамп утрово во Сингапур се сретнаа со севернокорејски официјални лица, соопшти Белата Куќа.
Американската делегација ја предводи амбасадор во Филипини додека пак на чело на севернокорејската делегација е заменикот-министер за надворешни работи.
Историската средба, на која првпат актуелен американски претседател ќе се состане со севернокорејски лидер, има за цел постигнување на договор за денуклеаризација на Северна Кореја во замена за олеснување на дипломатските и економските санкции против Пјонгјанг.