Американско извидничко беспилотно летало било забележано во билизина на руската граница како го надгледува Донбас и рускиот брег на Црното море, јавија руските медиуми.
Министерството за одбрана на Русија во повеќе наврати побара од Вашингтон да го прекине надзорот во близина на руските граници, но американските војници ги игнорираат ваквите барања, пренесува „Спутник“.
Порталот наведува дека леталото „Глобал Хок“, кое во петокот полетало од италијанска воздушна база, било забележано во воздушниот простор на Грција, Бугарија, Романија и Украина, а ја набљудувало линијата на разграничување во Донбас, по што се упатило кон рускиот брег на Црното море, летајќи во близина на јужниот брег на Крим.
15:35 мск.
Производит наблюдение вдоль линии разграничения на Донбассе. pic.twitter.com/gjew4bUXYI— PlaneRadar (@ua4wiy_) September 27, 2019
По завршувањето на задачата, леталото се упатило кон базниот аеродром.
Странски беспилотни летала и извидувачки авиони, особено американски, се повеќе се појавуваат на границите на Русија – над Црното Море и во близина на регионот Калининград. Вакви летала биле забележани и во близина на руските бази во Сирија, пренесуваат руските медиуми.