Свет 01. јуни 2018. / 15:38

Американската војска размислува да постави антиракетен систем во Германија

Американската војска размислува да постави антиракетен систем во Германија

Американската војска одржала прелиминирани дискусии околу поставувањето моќен одбранбен систем во Германија со цел да ја зајакне одбраната на Европа, тврдат извори на „Ројтерс“.

Предлогот за поставувањето на американскиот ракетен одбранбен систем (ТААД) во Европа доаѓа откако американскиот претседател, Доналд Трамп, одлучи да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран.

Додека САД и ЕУ немаат исти гледишта во врска со судбината на нуклеарниот договор, тие сепак ја споделуваат загриженоста од развојот на иранските балистички ракети.

Иранските ракети „шахаб-3“ можат да патуваат две илјади километри, што е доволно за да стигнат до јужна Европа, а иранската Револуционерна гарда најави дека ќе го зголеми дострелот на ракетите доколу почувствува каква било закана.