Американската војска соопшти дека извела невообичаен лет над Украина, согласно со Договорот за отворено небо, со цел да ја потврди посветеноста кон земјата откако Русија заплени три украински брода.
-Рускиот напад на украинските бродови во Црното Море се опасна ескалација во рамки на сите провокации и активности, соопшти Пентагон, пренесе „Ројтерс“.
САД побараа подобри односи со Русија и истакнаа дека тоа не може да се случи доколку продолжат, како што рекоа, незаконските и дестабилизирачки акции во Украина и на другите подрачја, се наведува во соопштението.