Свет 03. јули 2018. / 11:21

Американската трговска комора почнува борба против Трамп

Американската трговска комора почнува борба против Трамп

Американската трговска комора, најголемото бизнис здружение во САД и близок соработник на Републиканската партија на американскиот претседател Доналд Трамп, денес почнува кампања против претседателската политика со царините, ексклузивно дознава Ројтерс. Некои од најголемите трговски партнери на САД возвратија на увозните царини на Трамп со контрамерки и царинската политика на американскиот претседател ги вознемити финансиските пазари и предизвика тензии во односите на Белата куќа со трговската комора.

САД неможе да издржи трговска војна со ЕУ и Кина истовремено!

Новата кампања, чии детали прва ги дозна британската новинска агенција, е агресивен обид на Американската трговска комора која, повикувајќи се на анализите спроведени во сојузните американски држави, го предупреди Трамп дека ризикува да почна глобална трговска војна која ќе удри по џебот на американските граѓани.

Анализите се засновани на податоците на американското министерство за трговија и владините агенции во Кина, ЕУ, Мексико и Канада.

„Се заканува опасност кабинетот да го поткопа економскиот напредок кој толку се трудеа да го постигнат“, изјави претседателот на комората Том Донохју во изјава за Ројтерс. „Би требало да тежнееме кон слободна и чесна трговија а ова едноставно не е патот по кој тоа се постигнува“.