Американската сенаторка Марта Мексали изјавила дека додека служела војска, била силувана, но дека случајот не го пријавила бидејќи немала доверба во воениот систем на САД.
Мексали е една од жртвите кои сведучат во судскиот процес за сексуалните скандали во американската војска, а за време на вчерашното рочиште кажала дека била силувана од офицер во американските воздушни сили, пренесуваат американските медиуми.
– Бев усрамена и збунета и мислев дека сум силна, а останав беспомошна. – кажа Мексали.
Републиканската сенаторка ги обвинила надредените офицери за злоупотреба на должноста на различни начини.
За време на сведочењето сенаторката користела термини што имплицираат дека била силувана повеќе пати, но не открила детали за случаите.
Мексали, две децении била полковник во американските воздушни сили и учествувала во мисии во Саудиска Арабија и Авганистан.