Американата Џули Бриксман, која се прослави во септември 2017 година кога беше снимена како на претседателот Доналд Трамп му го покажува средниот прст додека вози велосипед крај неговата колона со возила, освои мандат во Надзорниот совет на округот Лоундоун, во сојузната држава Вирџинија.
Новопечената политичарка сега во Советот ќе го претставува квартот Алгонкиан, што опфаќа популација од 400.000 жители.
– Тоа е фантастично чувство, неверојатно е. Изминатите две години беа бурни за мене. Сега помагаме во тоа Лоудоун да стане подрачје на демократите – изјави 52-годишната мајка на две деца за весникот „Вашингтон Пост“.
Со победата на изборите таа од Советот го порази досегашниот републикански член во одборот.
Откако на социјалните мрежи се појави снимката со нејзиниот среден прст, Бриксман доби отказ од работа, но потоа ја тужеше компанијата „Акима“, обвинувајќи ја дека со отказот и го повредиле правото на слобода на говорот. На работа не се вратила, но добила отпремнина.