Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го потпиша указ со кој на домашните коминтенти ќе им се даде предност при доставувањето вакцини против Ковид-19, во однос на извозот во други земји.
-Декретот осигурува дека американската Влада дава приоритет на вакцинирањето на американските граѓани, пред вакцините да бидат испратени во други земји, рече Трамп.
Производителот Фајзер/БиоНТек, чија вакцина против коронавирусот деновиве треба да биде одобрена во САД, има договор за 100 милиони дози наменети за оваа земја.
И вториот производител, Модерна, чија вакцина наскоро треба да биде одобрена и во САД, ги вети истите 100 милиони дози.
Двата договори содржат опција за дополнителни дози, но активирањето на таа клаузула може да ја одложи испораката за неколку месеци.