Свет 20. јуни 2018. / 07:51

Америка го напушта Советот за Човекови Права на ООН

Америка го напушта Советот за Човекови Права на ООН

Претседателот Доналд Трамп се подготвува денеска да објави, дека САД се повлекува од Советот за човекови права на Обединетите Нации, што ќе биде најново повлекување на САД од некоја меѓународна институција.

Американскиот државен секретар Мајкл Помпео и американската амбасадорка во ОН Ники Хејли, заедно во Стејт департментот ќе ја соопштат одлука за повлекување од главното тело на светската организација за човекови права. Ова го велат наведуваат четири неименувани официјални лица блиски до ова прашање. Тие информираат дека одлуката ќе биде објаснета од амбасадорката Хејли.

Таа минатата година се закани со повлекување, наведувајќи како причина долгогодишните американски забелешки дека 47-члениот Советот е пристрасен на штета на Израел.

До најавата за повлекувањето на САД доаѓа само еден ден откако шефот за човекови права на ОН Зеид Рад Ал-Хусеин ја осуди администрација на Трамп поради поделба на децата-мигранти од нивните родители на границата на САД.