Амбасадорот на Малта во Финска поднел оставка откако ја спореди германската канцеларка Ангела Меркел со Адолф Хитлер.
Амбасадорот Мајкл Замит Табона наводно напишал на „Фејсбук“ : „Хитлер е запрен пред 75 години. Кој ќе ја запре Ангела Меркел? Таа го исполни сонот на Хитлер! Да ја контролира Европа“.
Објавата подоцна била избришана, а министерот за надворешни работи на Малта, Еварист Бартоло, рече дека, веднаш штом дознал што се случило, тој наредил амбасадорот да го отстрани коментарот.
Министерот објави дека неговата земја ќе и се извини на Германија, пренесува „Times of Malta“.