Свет 05. април 2019. / 17:32

Албанец планирал терористички напади во САД

Албанец планирал терористички напади во САД

Албанецот Фабијан Аламети , кој имал намера да и се придружи на Исламската Држава, денеска е уапсен во американската држава Монтана.

Аламети цела година бил следен од ФБИ , откако објавил на Фејсбук сдека ја поддржува ИД. Еден доушник на ФБИ стапил во контакт со Албанецот , а тој му раскажал дека би сакал да изведе терористички напади во САД и тоа на воени објекти , регрутен центар, владини згради , геј клубови и синагога, наведуваат американските медиуми.

Кога слушнал за масакрот во џамиите на Нов Зеланд, Албанецот побарал од доушникот да му испрати видео линк , а потоа му кажал дека ќе напаѓа минувачи за да ,,ја одмазди крвта” на настраданите во Крајстчрч.

Тој е уапасен на стрелиште , каде изнајмил пушка , а вчера е изведен пред суд под обвинение за нелегално поседување огнено оружје.