Истакнатиот активист од Обединетите Арапски Емирати, Ахмед Мансур, е осуден на 10 години затвор за критикување на владата, пишува БиБиСи.
Ахмед Мансур, 48-годишен татко на четири деца, беше уапсен во март минатата година.
Организациите за заштита на човекови права ги повикаа властите да го ослободат Мансур, нарекувајќи го неговиот притвор кршење на слободата на изразување и мислење.
Тој исто така ќе мора да плати и парична казна од 272.000 долари.
Мансур и другите продемократски активисти се константно гонети за нивните ставови кои се толкуваат како навреда за лидерот на земјата.
Мансур бил меѓу петтемина активисти осудени под слични обвиненија во 2011 година. Сите подоцна биле помилувани од властите.