Свет 07. септември 2018. / 19:26

Акциите на Тесла паднаа за седум проценти денеска, откако Илон Маск при интервју запали џоинт

Акциите на Тесла паднаа за седум проценти денеска, откако Илон Маск при интервју запали џоинт
Tesla co-founder and CEO Elon Musk takes a drag from a cigarette laced with marijuana in this screenshot from the Joe Rogan Experience podcast on Thursday, Sept. 6, 2018.

Акциите на Тесла паднаа за седум проценти денеска, откако директорот Илон Маск при интервју запали џоинт.

Маск разговараше со комичарот Џо Роган и во текот на интервјуто предупредуваше на опасноста од вештачката интелигенција, злокобно претскажувајќи опасност по човештвото од препаметните компјутери. Во еден момент, тој и Роган запалија џоинти со измешана марихуана и тутун, што е легално во тој дел од САД. Маск рече дека ретко пуши марихуана и речиси и да не забележува ефект од неа, но е лоша за неговата продуктивност.

Основачот на Тесла веќе подолго време е под лупа на јавноста поради необичните изјави и јавни настапи со кои предизвика повеќе потреси во цената на акциите на неговата компанија.