Два дена по проблемите во редовниот авионски сообраќај, поради антивладините протести на терминалите, на аеродромот во Хонгконг, повторно е воспоставен редовниот авионски сообраќај.
Од раководството на аеродромот соопштија дека добиле дозвола на демонстрантите привремено да им го забранат влезот на одредени подрачја од аеродромот.
Повеќе од 30 демонстранти и понатаму се во делот од аердоромот за заминување, ден по масовните протести и насилства поради кои беа откажани повеќе од 100 летови.
Во соопштението од раководството се наведува дека еден дел од аеродромот е наменет за демонстрации, но и дека нема да биде дозволено да се протестира надвор од тој дел во другите делови од аеродромот, пренесе АП.