Свет 09. мај 2019. / 11:23

Аеродромот во Франкфурт блокиран од дрон

Аеродромот во Франкфурт блокиран од дрон

Меѓународниот аеродром во Франкфурт еден час запре со работа поради дрон, соопшти германската полиција.

Портпаролот на аеродромот соопшти дека аеродромот бил блокиран од седум часот и 20 минути до осум часот и 20 минути додека федералната полиција со хеликоптер го барала дронот и неговиот оператор.

Полицијата продолжува да го истражува инцидентот.